Подготовка

1. Месото го засекуваме со нож накосо, одозгора. Секој засек се прави на растојание од еден прст. Го посолуваме и зачинуваме насекаде и во засеците исто така. Потоа го премачкуваме прво со сенфот и на крај насекаде со пестото. Зеленчуците ги сечкаме крупно.

2. Ја намрсуваме тавата во која ќе се печи и ставаме слој од сечкан кромид, па потоа го ставаме месот врз него. Во секој засек од месото ставаме по некое зрно црн бибер и потоа по едно парче сланина. Останатиот зеленчук го редиме покрај парчето месо. Попрскуваме со малку масло и посолуваме. На крај полека странично ги додаваме водата и пивото.

3.Тавата ја покриваме со капак или со алу-фолија која на неколку места ја бодиме со врвот на ножот за да „диши“ и ставаме да се печи на 220С околу 45 минути. Потоа ја вадиме фолијата (или капакот) и оставаме 15на минути да доиспари течноста и да се запечи месото одозгора.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови