Песто од босилек - зелено песто
Ливчињата босилек измијте ги и оставете да се исцедат/исушат. Пињолите испржете ги во сува тава да добијат малку боја и да замирисаат. Пармезанот ситно изрендајте го.
Во еден длабок сад ставете го босилекот, лукот и маслото. Измиксајте со рачен миксер. Додадете пињолите и пармезанот и миксајте се додека да добиете убава, густа паста. Насолете по вкус. Наместо со рачен миксер, може да го подготвите и во миксер.
Пестото ставете го тегличка, налијте одозгора маслиново масло колку да се покрие површината и затворете со капаче. Чувајте го во фрижидер.
Вака подготвеното песто не се расипува брзо, трае и неколку месеци.
Јас овој пат подготвив две ипол дози од горе споменатите состојки. Доволно беше за да се наполни тегличка од некои 380-400 грама.
Вкусот на ова песто мене ми е прекрасен.
Може да го употребите во тесто http://moirecepti.mk/post/%D0%BB%D0%B5%D0%B1-%D1%81%D0%BE-%D0%B7%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%BD-%D0%BF%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%BE/
или во комбинација со месо http://moirecepti.mk/post/%D0%BC%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%80%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B8-involtini/
Пробајте, верувам ќе ви се допадне.
Лиценца: Сите права се задржани