Еве од мене предлог, за вкусен, декоративен Италијански оброк

1. Прво во посолена, зовриена вода ги вариме шпагетите, да бидат ал денте. Ги процедуваме од течноста
2. Во нив додаваме маслиново масло, лажиче мешавина на италијански зачини и 50 гр рендан кашкавал. Промешуваме убаво да се обложат шпагетите.
3. Вака подготвени, ги распоредуваме во калап за мафини, а при тоа, во средината правиме мал отвор, дупче. Тука ставаме лажиче пелати.
4. Сега во мал сад ги соединуваме младото сирење, кашкавал, сол, бибер и јајце. Врз пелатите ставаме од оваа смеса по 1 лажиче. Покриваме повторно со лажиче плати. Најгоре покриваме со рендан кашкавал.
5. Ги печеме во загреана релна околу 20 минути, и внимаваме да не бидат пресушени.
6. Нека отстојат во калапот 5 минути, а потоа внимателно ги вадиме и сервираме.

Послужуваме со чаша бело вино.
Уживајте

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани