Испечати

Кошнички од шпагети, песто, пелати, сирења

Кошнички од шпагети, песто, пелати, сирења

Состојки

  • 200гр шпагети
  • Сол и вода за варење
  • 1лажица италијанско песто од босилек
  • 50гр рендан кашкавал
  • 1лажица маслиново масло
  • 1лажиче мешавина на италијански зачини
  • 200гр пелати, италијански
  • Полнење
  • 100гр младо сирење
  • 50гр рендан кашкавал,моцарела или пармезан
  • 1/2 изматено јајце
  • сол и бибер
  • 30гр кашкавал за посипување одозгора

Подготовка

Еве од мене предлог, за вкусен, декоративен Италијански оброк

1. Прво во посолена, зовриена вода ги вариме шпагетите, да бидат ал денте. Ги процедуваме од течноста
2. Во нив додаваме маслиново масло, лажиче мешавина на италијански зачини и 50 гр рендан кашкавал. Промешуваме убаво да се обложат шпагетите.
3. Вака подготвени, ги распоредуваме во калап за мафини, а при тоа, во средината правиме мал отвор, дупче. Тука ставаме лажиче пелати.
4. Сега во мал сад ги соединуваме младото сирење, кашкавал, сол, бибер и јајце. Врз пелатите ставаме од оваа смеса по 1 лажиче. Покриваме повторно со лажиче плати. Најгоре покриваме со рендан кашкавал.
5. Ги печеме во загреана релна околу 20 минути, и внимаваме да не бидат пресушени.
6. Нека отстојат во калапот 5 минути, а потоа внимателно ги вадиме и сервираме.

Послужуваме со чаша бело вино.
Уживајте