Даска со сирења
Како правилно да направите даска со сирења....
Најпрво се поставува прашањето, која количина на сирење да се сервира. Ова зависи од тоа дали сирењето е дел од мени, нпр. десерт, или се служи како мезе. Во првиот случај, планирајте 50-80гр. од човек. Во вториот случај, зголемете ја количината на 170-200гр. сирење од човек.
Мешавината на разновидни сирења е најважна - уредувањето на даската со сирење не е воопшто тешко.
Погрижете се за промена од секојдневните вкусови и создадете ароматична мешавина од благи, зачинети и ароматични, како и меки, полутврди и тврди сорти на сирења. Ваквиот избор е секогаш добредојден и нуди по нешто за сечиј вкус. Додадете некоја посебна сорта на сирење за „стандардната даска“ да не биде досадна. Секако дека можете да одберете сирења според одреден вкус, тип на млеко (кравјо, овчо), регион или сезона... изборот е ваш.
Иако добрите сирења зборуваат сами по себе во однос на вкусот, добро одбраните прилози кон нив можат дополнително да ја збогатат даската. На пример, белото и црното грозје извонредно се совпаѓаат со вкусот на сирење. Исто така јагоди, круши, смокви, капини како и јатки ореви се одличен прилог кон ваквите даски со сирења. Можете да додадете и суво овошје, тука сувите кајсии одлично се вклопуваат. Додадете солени крекери, соленки или потпечено лепче. Може да вметнете сосови и намази - одлична комбинација кон сирење се сенф од портокал или кајсии и овошни џемови. И секако, по избор и вкус, дополнете со пушено сувомеснато како нпр. пршута, која ќе ја исечете многу тенко.
Послужете со квалитетно бело вино.