Солен кадаиф
Наједноставен и најиновативен начин на подготовка на кадаиф, неговата солена верзија на подготовка сосема ме воодушеви, па ете нека биде тоа мојот предлог за празниците кои следуваат, верувам подеднакво ќе ве воодушеви сите.
За подготовка на овај рецепт потребни ви се.
1.Голем плех од рерна(стандардна големина)
2.Пластичен сад
3.Рачна мешалка
4.Многу љубов при подготовка на истиот
Белото и биеното сирење треба да се исечени на ситни коцки, сланината на тенки, куси лентички.Во пластичен сад,со рачна мешалка ги разбиваме јајцата,се додава постепено млако млекото,во оваа смеса се роси мушкатно оревче. На намастен плех со путер(или маргарин,како замена) се става половината од кадаифот,над него се распоредуваат рамномерно сирењата и сланината,се затвора одозгора со преостанатата половина од кадаиф,најгоре се полева со смесата од јајца и млеко,сосема на врв се распоредува парченца путер,се става да се печи на 200. Кога се испечи и сосема се излади може да се сечи по ваш избор, тоа секако зависи од намената и потребите,јас сечев ромбоиди,сосема најгоре украсете доколку сметате дека треба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
srekna nova