25
мар
2015
Ќофтиња од печурки со сос (посно)
Ова беше нашиот неделен појадок, вкусен и лесен за подготовка, а воедно и посен.
Печурките и исчистениот кромид ги сечкаме на ситно во сечко или со нож. Ги додаваме останатите состојки и мешаме додека да добиеме смеса од која ќе формираме ќофтиња. Ги формираме и ги пржиме во загреано масло.
За сосот, краставичките ги сечкаме на ситно и ги промешуваме со останатите состојки.
Забелешка
Кога ќе ја правите смесата за ќофтиња калкулирајте со брашното и лебните трошки за да добиете мека смеса, ама од која може помеѓу дланките да формирате ќофте.
Можете да користите свеж магдонос, јас немав во моментот па ставив сушен.
Лиценца: Сите права се задржани
Идеата беше да се прават сендвичиња за појадок, ама како ќе беа само со печурки, произлезе рецептов за ќофтиња, бидејќи се спрема навистина брзо, па да ти кажам ептен им се допаднаа на сите:) И излезе богат појадок, малтене како ручек:)
prevkusni se i preubavi i definitivno nekoj petok ke se probaat i ke se krkaat
tolku uspeav da slikam,sepak kako i da e ispadnaa perfektni i brzi i vo prilog so sos i ripce si se nakrkavme maski,inaku gi pravev i so marinirani i so svezi so svezite vkusot mi e poubav moram da kazam,a sosot pa za se go biva :)
Ти благодарам што даде свој допринос со фотка кон овој рецепт:)