Ќофтиња од печурки со сос (посно)
Состојки
- За ќофтињата
- 500 гр свежи печурки шампињони
- 1 главица кромид
- 1 лажичка бибер
- 1 лажица мешан сув зачин
- 6-7 лажици брашно
- 6-7 лажици лебни трошки
- 2 лажички пециво
- 1 лажица сушен магдонос
- За сос
- 4-5 кисели краставички
- 5 лажици посен мајонез
- 1 лажичка сенф
- бибер, копар, сол по вкус
- масло за пржење на ќофтињата
Подготовка
Ова беше нашиот неделен појадок, вкусен и лесен за подготовка, а воедно и посен.
Печурките и исчистениот кромид ги сечкаме на ситно во сечко или со нож. Ги додаваме останатите состојки и мешаме додека да добиеме смеса од која ќе формираме ќофтиња. Ги формираме и ги пржиме во загреано масло.
За сосот, краставичките ги сечкаме на ситно и ги промешуваме со останатите состојки.
Забелешка
Кога ќе ја правите смесата за ќофтиња калкулирајте со брашното и лебните трошки за да добиете мека смеса, ама од која може помеѓу дланките да формирате ќофте.
Можете да користите свеж магдонос, јас немав во моментот па ставив сушен.