30
сеп
2013
Шненокле со ореви и бисквити
1. Белките се бијат со 4 лажици шеќер. Откако убаво ќе се избијатв се зема со лажица и се тура во 600 мл млеко кое врие. Со лажица решетка се вадат добиените форми и се ставаат во чинија.
2. Жолчките се матат со маткалка со пудингот, густиниот и и 10 лажици шеќер.
3. Се става 400 мл млеко да зоврие, во него се додаваат претходно изматените жолчки и сето постојано се меша додека да се згусни кремот. Потоа се остава малку да се излади.
4. Во длабок сад се кршат 5 бисквити, врз нив се става од топлиот крем, врз кремот се става од изладените белки и три лажици сецкани ореви. Истото се повторува додека да се потроши целиот крем. Одозгора се завршува со крем и ореви.
Лиценца: Сите права се задржани
Еве ја и мојата верзија, ама за сркање директ од чинија :)))
http://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D1%82%D0%B8%D1%87%D1%98%D0%BE-%D0%BC%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D0%BE-%D0%B8%D0%BB%D0%B8-%D1%88%D0%BD%D0%B5-%D0%BD%D0%BE%D0%BA%D0%BB%D0%B5