
13
јан
2015
Обланда со ореви и бисквити
Јајцата и шеќерот уработете ги на тивок оган додека да се згустат, потоа додадете го маргаринот и чоколадото и мешајте додека да се стопат. Тргнете ја смесата од оган и додадете ги оревите, бисквитите и кокосот. Нека се подизлади смесата па потоа филувајте ги обландите. Лесно и вкусно.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови