
Бајадера со бисквити и ореви
Шеќерот и водата се варат додека да зовријат. Се додава маргаринот и се вари додека да се соединат трите состојки. Се трга од оган и се додаваат бисквитите и оревите. Се меша додека да се соедини, а потоа смесата се дели на два дела. Во едниот дел додаваме 100 гр. чоколадо, и мешаме додека смесата не потемне. Белата смеса се истура во плех со средна големина прекриен со фолија. Врз неа се истура смесата со чоколадо и се остава да се излади и да се зацврсти. Откако ќе се зацврсти се превртува така што белата страна ќе дојде одозгора. Ја тргаме фолијата и преливаме со глазура од 100 гр. чоколадо, стопено со малку масло. Откако бајадерата убаво ќе се зацврсти (во фрижидер или во студена просторија), се сече на парчиња и се послужува.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови