Во два сада на оган ставете по 250 мл. вода, ставете го наведениот шеќер, маргарин и чоколадата за темната смеса. Оставете да зоврие. Откако ќе зоврие додајте ги бисквитите и кокосот. Мешајте во двете со лажица,а потоа почнете да месите со рака, смесата бидејќи е жешка може да ја фатите со нараквици од оние прозирните од аптека. Треба да се добие мека смеса која може да се развлекува. Во зависност од бисквитите можеби ќе треба повеќе.
Белата смеса поделете ја на два дела, едниот помал а другиот поголем, така нправете и со темната. Може да ги разделите и на еднакви делови.
Белата смеса ставете ја во најлонче за замрзнување од 3 литри некаде димензии 20х30 малку помалку или повеќе. Со сукало развлечете кора низ целото кесе. Отсечете ги крајните делови одоносно левиот и десниот, смесата односно кората прфрлете ја на послужувалник или плехче. Над неа ставете ја развлечената помала темна смеса. Над неа ставете одоносно расплескајте ја поголемата светла, а над неа темната. Оставете настрана и за тоа време подогответе ја глазурата.

Во сад на пареа растопете ја чоколадата со маргаринот ако сакате додајте малку шеќер зависно од тоа каква чоколада користите. Со глазурата прелејте ја целата површина на бајадерата и израмнете. Оставете да се стегне во фрижидер околу 3-4 часа или најдобро преку ноќ. Со остар долг нож сечете парчиња по желба.

Во врска со редењето, може да редите како сакате. Од смесата од бисквити може да одземите и да додадете ореви или лешници по желба.а шеќер ставете колку сакате слатко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови