Филувани цвет колачи (јубилеен 700ти рецепт)
Имам уште многу рецепти кои чекаат да се објават и кои чекаат да се напишат.
Се радувам на секој објавен како на прв.
Да се заблагодарам на МР и на вас драги мои пријателки што со пофалби или
критики секогаш сте биле со мене.
Поминаа 6 години како се дружам со вас и се надевам на уште долга соработка.
За рецептов ќе пишам само дека е превкусен.
Ги спремав за осмомартовската забава во градот каде што престојувам.
Филот можете да го направите во две варијанти,но се ќе пишам по ред.
Направете го првопандишпанот од кој ќе вадиме кругови.
Јајцата изматете ги со 2 филџанчиња шеќер.
Матете да биде доволно густо. Додајте 2 филџанчиња зејтин, 1 филџанче млеко, 2 филџанчиња брашно кое претходно го помешавме со паковка пециво, 2 филџанчиња ореви мелени и една ванила.
Вака спремната смеса ја префрламе на претходно намастен и набрашнет плех и печеме во загреана рерна на 150 степени.
Печениот пандишпан го оставаме да излади.
Потоа со чаша вадиме кругови.
Јас вадев со помала чаша за да имам повеќе колачи и да не ми бидат гломазно големи. Секое тркалце потоа ќе се исече на половина, па ќе се филува.
Филот го приготвувам на овој начин
Во кацерола на оган го ставаме шеќерот и млекото.
Кога ќе почне да врие, се трга на страна и се додаваат ронките кои останаа од пандишпанот при сечењето на круговите.
Додаваме половина црно чоколадо (100гр ) кое претходно го изрендавме,притоа додавајќи 100 грама мелени лешници и 100 грама мелени ореви.
Додадов и 1 лажица путер, па добро промешав и оставив 5 минутки да излади.
Секое кругче го сечеме на половина па му ставаме од филот.
Го поклопуваме одозгора, па почнуваме да го филуваме од страната и на
површината.
Потоа го валкаме во кокос од страната, а на површината го премачкуваме со растопена бела чоколада. Декорирав со цветови од фондан кои претходно ги извадив со калап.
Е сега јас имам овде два вида направено,од кои едниот вид беше со мали разлики во филот. Во едниот ставив вода, мед,шеќер и маргарин,па оревите и лешниците. Тие колачи ги валкав со ореви. Останатите ги валкав со кокос.
На здравје да ви се.
Забелешка
Мерев со едно исто филџанче за кафе. Со кое ќе почнете со тоа завршете.
Имам слики и од филувањето, но подоцна ќе ги прикачам, измешани се во компјутер.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Milo Mi e sto Se druzime tuka, sto razmenuvame idei, iskustva,....
Ovie kolacinja,so vesela dekoracija, simpaticni mali subaricki Mi licat
Druzbata prodolzuva Se nadevam vo dobro zdravje za site nas. Pozzz
Ти посакувам уште многу повеќе јубилеји.
Прекрасни колачиња за прекрасен јубиљеј! Да ти се множат убавите рецепти, се дружиме ❤
поздрав ♥️
Се трудам да објаснам како треба и да споделам она што навистина е вкусно. Драго ми е што сум долго време дел од вас и што успевам да се усовршувам подучувајќи се овде од вас.
Се дружиме и понатаму.
Neka ti se mnozat uste mnogu jubilei.
Ne mozam da im se iznagledam na kolacinjata.
твоите јубилејни колачиња не`потсетија на пролет, топол дом и убаво расположение. Тоа е одлика на речиси сите твои рецепти, по што те препознаваме. Долго се знаеме и поминавме многу заедно на оваа страница. И покрај тоа што одредени рецепти недостигаат, со твојот труд и ненаметлив стил, постигна бројка за почит!
Ти благодариме за твоите 700 рецепти и ти подаруваме Делимано Мултипрактик 7 во 1. Честитки!
Се радуваме на многу убави идни заеднички моменти и поводи за славење,
Тимот на МоиРецепти
Остануваме да се дружиме и да ја дополнуваме оваа убава наша
страница.
Sekogas gi gledam, gi citam i se voshituvam na gvoite recepti.
I ti si polna so idei i so sopstven stil.
Jubilejnite kolacinja se preubavi, ti posakuvam uste mnogu drugi jubilei.
Pozdrav i sekoe dobro :)