Филувани цвет колачи (јубилеен 700ти рецепт)
Состојки
- 200 гр жолт фондан
- 200 гр бел фондан
- Пандишпан
- 4 јајца
- 4 филџанчиња шеќер
- 2 филџанчиња зејтин
- 1 филџанче млеко
- 2 филџанчиња брашно
- 2 филџанчиња ореви
- 1 паковка пециво
- 1 паковка ванила
- фил
- 1 лажица путер
- 250гр шеќер
- 250мл млеко
- 100 гр темночо коладо
- 200 гр мешавина од лешник и орев
- Останати пропратни состојки
- 1 кокос паковка
- 1 бело чоколадо
- 200 гр ореви мелени за валкање
Подготовка
Имам уште многу рецепти кои чекаат да се објават и кои чекаат да се напишат.
Се радувам на секој објавен како на прв.
Да се заблагодарам на МР и на вас драги мои пријателки што со пофалби или
критики секогаш сте биле со мене.
Поминаа 6 години како се дружам со вас и се надевам на уште долга соработка.
За рецептов ќе пишам само дека е превкусен.
Ги спремав за осмомартовската забава во градот каде што престојувам.
Филот можете да го направите во две варијанти,но се ќе пишам по ред.
Направете го првопандишпанот од кој ќе вадиме кругови.
Јајцата изматете ги со 2 филџанчиња шеќер.
Матете да биде доволно густо. Додајте 2 филџанчиња зејтин, 1 филџанче млеко, 2 филџанчиња брашно кое претходно го помешавме со паковка пециво, 2 филџанчиња ореви мелени и една ванила.
Вака спремната смеса ја префрламе на претходно намастен и набрашнет плех и печеме во загреана рерна на 150 степени.
Печениот пандишпан го оставаме да излади.
Потоа со чаша вадиме кругови.
Јас вадев со помала чаша за да имам повеќе колачи и да не ми бидат гломазно големи. Секое тркалце потоа ќе се исече на половина, па ќе се филува.
Филот го приготвувам на овој начин
Во кацерола на оган го ставаме шеќерот и млекото.
Кога ќе почне да врие, се трга на страна и се додаваат ронките кои останаа од пандишпанот при сечењето на круговите.
Додаваме половина црно чоколадо (100гр ) кое претходно го изрендавме,притоа додавајќи 100 грама мелени лешници и 100 грама мелени ореви.
Додадов и 1 лажица путер, па добро промешав и оставив 5 минутки да излади.
Секое кругче го сечеме на половина па му ставаме од филот.
Го поклопуваме одозгора, па почнуваме да го филуваме од страната и на
површината.
Потоа го валкаме во кокос од страната, а на површината го премачкуваме со растопена бела чоколада. Декорирав со цветови од фондан кои претходно ги извадив со калап.
Е сега јас имам овде два вида направено,од кои едниот вид беше со мали разлики во филот. Во едниот ставив вода, мед,шеќер и маргарин,па оревите и лешниците. Тие колачи ги валкав со ореви. Останатите ги валкав со кокос.
На здравје да ви се.
Забелешка
Мерев со едно исто филџанче за кафе. Со кое ќе почнете со тоа завршете.
Имам слики и од филувањето, но подоцна ќе ги прикачам, измешани се во компјутер.