Јагода / Банана мафини филувани со путер фил од јагоди
Лето, време на изобилство на овошје. Едно од мојте омилени ЈАГОДИ. Еве еден летен рецепт со нив, но ако немате јагоди може да употребите било каков друго овошје.
Јајцата убаво ги матиме со миксер, го додаваме шеќерот и убаво матиме додека запени. На ова се додава путерот, ванилата, пецивото, циметот и брашното. Се убаво се мати со миксер и потоа се префрлувате на мешање со лажица. Во цела смеса ги додавате предходно ситно сецканите јагоди и испасираните банани (испасирани со вилушка). Мешате со лажица убаво и потоа ги полните хартиените корпиња за мафини. Ги ставате да се печат на 180 степени околу 20-25 минути. Откако ќе ги извадите од рерна ги оставате да се оладат. За тоа време го подготвувате филот.
250гр путер го миксирате убаво на него му додавате 600гр прав шеќер, но полека по една лажица, не наеднаш. Потоа го додавате екстрактот од ванила и млекото и убаво миксирате. Јас на ова додадов одприлика едно 200 гр ситно сецкани јагоди, а може да се додаде било какво овошје, а може и без овошје. Се филуваат оладените мафини и се декорираат по желба.
Пријатно јадење
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови