Утрински вафли
Рецептот е дел од колекцијата на најдобри 1000 рецепти од 150 годишната архива на Њу Јорк Тајмс.
Исклучиво е лесно да се направи, а посебна предност е што тестото се прави одвечер, а наутро е подготвено за печење.
Мој предлог што да послужите на вашето семејство за Велигденски доручек.
Во еден поголем сад измешајте ги со жица сувите состојки, додајте го млекото и мешајте со жица додека не стане сосема мазно.
Покријте со проѕирна фолија, оставете 1 - 2 часа на собна температура, а потоа тестото оставете го во фрижидер преку ноќ.
Утрото, додајте го во тестото разматеното јајце, измешајте, па додајте го и растопениот путер. Ќе добиете прилично ретко тесто.
Загрејте ја вафлерицата. Премачкајте ја површината со малку путер, па испечете ги вафлите додека не добијат крцкава површина и убава златна боја.
Сервирајте ги топли, со путер, мед, мармалад, компот, посипани со шеќер во прав или веке по ваша желба.
Од овие состојки, мене ми испаднаа 12 вафли.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
И јас имам таков сервис на чиниии... :)))
Vidov deka istite gi imame :))) Moite se prilicno stari, na poklon za svadba gi dobiv :)))
I mnogu me izraduva sto ste zadovolni od receptot :))))
требаше денес да одиме во ГРАД (у ла ла) да си докупам бадеми и кафеав шеќер за божиќниот колач. не го преболев, скапав копнеејки по него, а минатиот пат кога направив список што да ми донесат пола заборавија.
сакав да кажам, вафливе се сиЌа за тебе :) :) :) :)
лили, бидна утро. биднаа и вафлите, а ќе биднат уште многу многу утра што следат. најверојатно и ручеци и доручеци што следат :) :) :) :)
јас за жал немам ни саглам тост, не па специјален за вафли, ама и смешниот спанџ боб заврши работа :) :) :) :)
ќе си купам еден тост на кој што му се менуваат плотните, од оние со 3-4 вида плотни ;)
шеќерко прво ми измрче дека не му се јадело благо (замисли), му реков НЕ СМЕЕ ДА ЈАДЕ и кога ги проба, рече:
- е ова веќе може! јас мислев нешто многу благо ќе биде - си ги намрка со еурокрем и прсти си излижа :) :) :) :) :)
Bozikniot kolac koga sakas spremi go Ludvig ... ne e problem, toj samo taka si go nosi imeto....
A vaka napraveni se mnogu simpaticni, i kef mi e mnogu sto bendisavte :))))
A kolacot, nekade na poladno cuvaj go :)