Во еден мал сад со жица измешајте ги брашното, шеќерот во прав, циметот и нишестето.
Во поголем сад матете ја слатката павлака со ванилиниот шеќер додека не добиете пена, некаде околу 5 мин. Додајте ги сувите состојки и измешајте со шпатула додека состојките сосема не се соединат.
Оставете да одстои покриено 30 мин.
Загрејте ја вафлерицата или обичен тостер. Ставајте купчиња колку една лажица и испечете вафли. Ако печите во срцест калап, раздвојте ги веднаш, зошто после се кршат, а ако печите на обичен тостер, уште додека се топли исечете кругови или други форми по ваша желба.
Не ги препекувајте и не ги правете предебели зошто доста се стврднуваат кога ќе се оладат.
Оставете на жица сосема да се оладат.
Спојувајте ги по 2 со Нутела. Чувајте ги во добро затворена кутија за да не повлечат влага.
Мене ми испаднаа 12 колаченца.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови