Млекото го замлачуваме и му додаваме шеќер.
Промешуваме и додаваме квасец.
Оставаме да нарасне.
Половина од брашното го истураме во длабопк сад и го мешаме со солта.
Ги кршиме јајцата и го додаваме квасецот.
Полеваме масло и полека додавајќи брашно замесуваме меко тесто.
Го делиме на два дела тестото.Од секој дел вадиш по 4 топчиња .
Значи вкупно 8 топчиња од цело тесто.
Расукуваме корички кои ги премачкуваме со стопен маргарин и ги редиме една врз друга. На последната коричка не ставаме маргарин.
Расукуваме голема кора и со ноже правиме убав круг од тестото.
Лајсничките како што јас ги нарекувам што остануваат од страната се делат на 4 ленти.
Од кругот се вадат 8 тријаголници кои се виткаат во соленки.
Секоја соленка ја сечеме на половина и ја редиме во намастен плех и тоа со пресечената средина да одат на крајот од плехот. Таја се редат сите соленки, а во средината се редат лентите кои ги извадивме на почетокот.
Лентите ги виткате како полжавчиња.
Се остава на топло да нарасне погачата. Премачкувате со матено јајце во кое ставивме малку масло и сол. Попрскуваме сусам и оставаме да се пече на претходно загреана рерна.
НА ЗДРАВЈЕ СО ВКУСНАТА ЛИСНАТА ПОГАЧА.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови