Повод за тортата е годишнината во брак на моите родители, 29 убави и среќни години.
1. Прво подгответе ги јагодите, исчистете ги и исечкајте ги на половина. Исцедете го сокот од портокал, полијте ги со нив и со 1 лажица ванила, измешајте убаво и оставете ги да стојат додека го подготвувате останатиот дел.
2. Следно подгответе го кремот. Пудингот подгответе го според уптаството на кесичката со 400мл. млеко и шеќер во зависност колку сакате да биде благо (јас додадов 2 лажици) и 1 лажица ванила. Кога ќе се свари додадете половина коцка маргарин, промешајте да се растопи и оставете на страна.
3. За тестото, во сад за матење ставете ги јајцата и шеќерот и матете убаво со миксер додека шеќерот не се растопи. Потоа додадете го млекото и зејтинот и продолжете со матење додека да се изедначи смесата. Во брашното измешајте го пецивото и додадете во садот. Изматете убаво да нема грутчиња.
4. Калапчето за печење премачлајте го со маргарин, обложете го со хартија за печење и премачкајте преку хартијата. Малку помалку од половина смеса истурете ја во садот и ставете да се пече. Рерната треба да е загреана на 220С, а кога ќе ставите да се пече намалете на 180С.
5. Во меѓувреме исцедете го вишокот течност од јагодите и додадете им 2 лажици шеќер (односно по вкус во зависност од јагодите) и промешајте маалку да се растопи.
6. Кога тестото ќе се запече извадете го од рерната, распоредет ги јагодите рамномерно, а потоа со лажица распоредете го кремот. На крај истурете го преостанатиот дел од смесата за тестотот, израмнете и ставете да се пече. Проверувајте од време на време да не загори од горе.
7. Сега е на ред потешкиот дел ... тортата оставете ја во калапот целосно да се излади (4-5 часа). Потоа превртете ја на соодветна подлога, внимателно отстранете ја хартијата и ставете ја во фрижидер малку да се стегне.
8. Декорацијата е по желба, јас користев шлаг крем од ванила (приготвен според уптаството) и неколку јагоди.
Добар апетит.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани