Ладна лимон торта со ванила и џем од јагоди
Подготовка:
1. Белките се матат во цврст снег, шеќерот и ванилите со додаваат додека ги матиме.
2. Откако ќе завршиме, додаваме брашно, пециво и кора од лимон, изрендана.
3. Најголемиот плех, тој од електричен шпорет ако го имате, обложете го со пек хартија.
4. Истурете ја смесата, разредете ја и печете во загреана рерна на 180 степени, околу 20 минути. После оставете да излади кората, па исечете ја на 3 еднакви дела/ленти.
5. 400 мл од млекото загреваме на тивок оган, до зовривање.
6. 100 мл млеко, жолчки, шеќер, ванили, брашно и сок од лимон ги блендираме или ги матиме со миксер.
7. Оваа смеса се додава во зовриеното млеко. Мешајте додека да добиете пудинг смеса.
8. Потоа тргнете на страна, покријте со стреч фолија и нека се излади сосема кремот.
9. На страна омекнатиот маргарин изматете го со шеќерот во прав.
10. Спојте ги двете смеси за крем.
11. Обложете правоаголен сад со стреч фолија и почнете со филување.
12. Првин ставаме крем, над кремот лента од кората, над кората џем од јагоди, 1 до 2 лажици.
13. Потоа продолжувате со филување на ист начин.
14. И одоздола и одозгора тортата треба да е со фил, значи почнуваме и завршуваме со крем при филувањето.
15. На крај, целата торта ја обвиткуваме во стреч фолија и ја ставаме во замрзнувач, преку ноќ.
16. Откако ќе ја исечете – добивате прекрасна кремаста сладолед торта која се топи во уста, со преубав нежен вкус од комбинација на ванила, лимон и јагода.
Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови