25
окт
2014
Ладна салата од ориз
Оризот ставете го да вари во зовриена и посолена вода додека омекне. Потоа исцедете го и исплакнете го со ладна вода. Ставете го во еден сад.
Морковот сварете го да омекне и исецкајте го на ситни коцки.
Исецкајте го кашкавалот, шунката и преостанатиот зеленчук и додајте ги во оризот. Додајте ја пченката, грашокот, сол и масло по вкус.
Убаво измешајте, покријте ја со проѕирна фолија иставете ја во фрижидер убаво да се разлади.
Послужете ја како ладно предјадење или како лесен самостоен оброк.
Лиценца: Сите права се задржани