Еве предлог од мене за прекрасно послужување на неколку вида сирење.
Изгледот на оваа даска е баш Божиќен.
Се надевам дека мојов предлог ќе ви се допадне и ќе биде дел од вашата празнична трпеза.

Во голема чинија во форма на венец ги редиме измиените гранчиња свеж рузмарин.
На 4 места ставаме од коцките сирење.
Расфрламе зрна калинка, маслинки, кругови ротквици.....
Во средината ги ставаме варените јаца и печеницата.
Послужуваме.

Добар апетит.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани