Испечати

Ладна даска со 4 врсти сирење

Ладна даска со 4 врсти сирење

Состојки

  • 100гр бело овчко сирење
  • 100гр горгонзола
  • 100гр биено сирење
  • 100гр кашкавал по избор
  • црни маслинки
  • зрна од калинка
  • варени јајца
  • чадена печеница
  • ротквици
  • гранчиња свеж рузмарин.

Подготовка

Еве предлог од мене за прекрасно послужување на неколку вида сирење.
Изгледот на оваа даска е баш Божиќен.
Се надевам дека мојов предлог ќе ви се допадне и ќе биде дел од вашата празнична трпеза.

Во голема чинија во форма на венец ги редиме измиените гранчиња свеж рузмарин.
На 4 места ставаме од коцките сирење.
Расфрламе зрна калинка, маслинки, кругови ротквици.....
Во средината ги ставаме варените јаца и печеницата.
Послужуваме.

Добар апетит.