Испечати

Ладна салата од ориз

Ладна салата од ориз

Состојки

  • 250 гр интегрален ориз
  • 1 морков
  • 50 гр црни маслинки
  • 50 гр зелени маслинки
  • 70 гр кисели краставички
  • 70 гр печурки
  • 70 гр грашок
  • 90 гр шунка или печеница
  • 90 гр кашкавал
  • 3 лажици пченка
  • 1 среден црвен патлиџан
  • по вкус сол и маслиново масло
  • 1 варено јајце за декорација

Подготовка

Оризот ставете го да вари во зовриена и посолена вода додека омекне. Потоа исцедете го и исплакнете го со ладна вода. Ставете го во еден сад.
Морковот сварете го да омекне и исецкајте го на ситни коцки.
Исецкајте го кашкавалот, шунката и преостанатиот зеленчук и додајте ги во оризот. Додајте ја пченката, грашокот, сол и масло по вкус.
Убаво измешајте, покријте ја со проѕирна фолија иставете ја во фрижидер убаво да се разлади.
Послужете ја како ладно предјадење или како лесен самостоен оброк.