Тиквички со шунка и кашкавал
Тиквичките се лупат и се сечат по должина што потенко. Се посолуваат и се ставаат во цедалка да стојат така 30 минути.
Се цедат од сокот и ги валкаме во брашно. Маслото го ставаме да се загрее и ги пржиме тиквичките додека не поруменат од двете страни. (за тие што не сакаат да ги пржат, можат и да се испечат во рерна)
Внатрешноста на огноотпорниот сад ја премачкуваме со маснотија и се става ред тиквички. Врз нив ставаме шунка и изрендан кашкавал. Ова се повторува додека се потрошат сите состојки.
На страна ги матиме јајцата со павлаката и со оваа смеса ги преливаме тиквичките. Одозгора рендаме кашкавал. Се пече на 200 Ц околу 30 мин. Се служи топло со некоја фина салата.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови