19
сеп
2014
Запечен сендвич со шунка, кашкавал и бешамел
Овој француски сендвич е навистина многу вкусен. Го правам најчесто за вечера, кога сакам малку поразличен сендвич од вообичаениот (и покалоричен). Обожавам добра печеница, а со неа и ми оди сенф, како и на сите, претпоставувам.
Лесно и брзо се прави, па еве како јас го направив.
Прво лепчињата се потпекуваат на рингла. Се мачка едната страна со сенф, се става шунката (или друго сувомеснато, по желба), се става кашкавалче од горе и се преклопува.
Потоа, се прави бешамелот и се прелева со него сендвичот. Седвичот се става на тавче обложено со хартија за печење и се пече во врела рерна додека да се запече бешамелот или под бројлер (ако ја имате таа опција на рерната).
Лиценца: Сите права се задржани