Суфле од ориз
Се вари оризот заедно со млекото, шеќерот, ванилин шеќер и путерот. Откако ќе се свари целосно оризот тргнете го на страна добро да се олади. На оладениот ориз додадете рум и жолчките и добро промешајте со лажица. Посебно изматете ги белките во цврст снег (како за пуслици обавезно) и додадете ги кај оризот и повторно со лажица добро промешајте.
Рерната загрејте ја на 200 С .Ставете ја смесата во здели за печење моите беа стаклени но може и подебели шољи за кафе ниски и ставете да се пече. Готово е суфлето кога ќе почне да се распукува и добие карамел боја. Готовото суфле посипете го со прав шеќер и уживајте.
Се служи топло но може и ладно по желба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Zatoa prosti sto e slikano na brzina, ama ne sakav "da spadni".
Receptot e sovrsen. Fala ti :)
Нате, честитки за РД! :)