Во овој рецепт е одлично тоа што повеќето состојки веќе ги имате во кујната… Ви требаат само неколку убави круши, но ако не можете да најдете круши можете да ги замените со некое друго овошје...

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • 300 грама брашно
  • 3 јајца
  • 500 милилитри млеко
  • 2 кафени лажички шеќер во прав
  • 20 грама квасец
  • 1 пакување ванилин шеќер
  • 3 круши
  • 100 грама шеќер
  • 1 кафена лажичка мелен цимет
  • Сол

Подготовка

Чекор 1: Време е за сецкање: Прво ќе ги подготвиме крушите... Отсечете ги горниот и долниот крај, пресечете ги на осум парчиња и извадете ги семките.

Чекор 2: Ставете го шеќерот во загреана тава, сипете вода и оставете да се создаде шербет.

Потоа во слатката смеса од шеќерот ставете го путерот, а по него и 1 кафена лажичка цимет… Измешајте и ќе видите како бојата се менува пред Вашите очи.

Чекор 3: Ставете ги крушите во сосот и измешајте за шербетот да ги прекрие крушите... Оставете ги крушите неколку минути додека да омекнат и да го впијат сиот шербет... Ставете ги крушите во Делимано тавата за рерна.

Чекор 4: Време е да ја направиме смесата за суфле… Измешајте ги сите суви состојки заедно во длабока чинија и потоа ставете ги јајцата… Убаво промешајте... Потоа ставете го и млекото и продолжете да мешате.
Мешајте додека да добиете мазна смеса… Не плашете се од малку вежбање!

Чекор 5: Прелијте ги крушите во тавата за рерна со смесата и спремни сме за печење.

По 20 минути печење на температура од 200 степени извадете ги од рерна и спремни сме за сервирање.

Чекор 6: Време е за сервирање: Земете крупно парче суфле и ставете го на чинија… Попрскајте со шеќер во прав, малку цимет... Малку чоколаден или карамел сос и гранче нане.

СОВЕТ: Овој десерт би изгледал како да припаѓа и во врвен ресторан, и ако го послужи Вашата баба... Се прави за само неколку минути… Понекогаш едноставно сакаме нешто слатко и овој рецепт ќе им донесе уживање на присутните без многу напор!

Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Тава за палачинки ; Тава за пржење
Тава за палачинкиТава за пржење