Сутлијаш торта
Најпрво сварете го оризот со водата и млекото. Пред крај, додадете го и шеќерот. Оставете го да излади.
Потоа, изблендирајте го овошјето. Измерете ја грамажата и дополнете вода до вкупна запремнина од 400 мл. Ставете го на умерена температура да проврие.
Измешајте го густинот со 100те мл вода и шеќерот и додадете ги во зовриеното овошје. Варете уште 2-3 мин додека се згусни и тргнете го настрана од шпотретот малку да подоладни, но да се внимава да не се здрви многу, да можи да се мачка.
Во калап со обрач (јас користев од 21 см) најпрво ставете ја подлогата, така што ќе ги издробите медените срца и бисквитите и во нив ќе го додадете стопениот маргарин и ситно сецканите лешници. Убаво респоредете по дното со рака.
Изматете ја слатката павлака со крем фиксот и измашајте ја со оладениот сутлијаш. Половина од оваа смеса ставете над подлогата, па црвениот овошен фил и над него останатата половина.
Одозгора украсете по желба и наросете цимет. Оставете го калапот во фрижидер барем 3 часа пред сечење.
• Внимавајте овошниот фил да не ви е многу топол, бидејќи има можност да ја стопи изматената слатка павлака додека филувате. Но, исто така внимавајте и премногу да не ви се здрви, па да не можите убаво да го распоредите, размачкате по површината, а се здрвува за кратко време, значи треба да е топол кон млак. Овој пат јас се поштедив од ова внимание и користев готов овошен гел од вишни и шумско овошје, како оној за Новогодишните капи, кој се набавува од магацини за храна на големопродажба. Го ставив директно без предходна термичка обработка, бидејќи по коегзистенција беше многу близок на опишаниот фил. Доколку немате овошје, а имате џем или мармалад можи исто така да се употреби, само во зависност од неговата густина можно е да варира грамажата на густинот. За жал, со џем не сум пробала сеуште засега.
Лиценца: Сите права се задржани
Љупче, овие пости брзо ќе поминат (ако ти е за утеха) :) па потоа - навали ;) Ако не сакаш да го фиксаш шлагот, мора да користиш растителна слатка павлака која е поцврста во матењето, како на пример халтата, а ако мешањето на сутлијашот, кој исто така треба да е густ, и таквата павлака ти се видат доволно цврсти не мора да ставаш ништо, но ако мораш а не сакаш фиксатор, тогаш во краен случај стави 1 пак желатин. Мене кога ми треба поцрвст фил со слатка павлака често посегнувам по халтата и овој пат како и често уназат се беше доволно цврсто, но сепак за сигурност ставив :)
Алекса, децата (јас не можам да се начудам како можат) не јадат сутлијаш, па ова пројде кај нив супер, се додека не научија од што е направено :) Сутлијашот со кремот од слатката павлака заедно не се осеќа толку како сутлијаш, покремасто е, а сепак компактно. Мислам дека со кршен ориз ако ја направиш, нејадачот воопшто нема да сети ;)
1 парче ма јадење доволно заситува, супер е и неколку дена ако стои во фриз, секако добро покриена. Светле, прочитав некаде на диета си била, па диетална е оваа ;) или со натрен направи си хехе место со шеќер. И јас сум на диета, ама не кога ќе ми дојди и време за јадење (браво за твојата вистинска диета и издржливоста!)
Дианче. медено срце се овие колачи
но ако немаш такви, пробај со спекулас или некои други што се со цимет :)