Ориентален Сутлијаш
На овој начин спреман сутлијаш - тогаш имате сутлијаш како што се спрема во турската кујна, кој во основата е ист, само во некоја регија се додава и сок од лимон или портокал - а не изостанува ниту ренданата кора од истите. Но јас вака најповеке го сакам.
ПРИПРЕМА
1. Во зовриената вода ставете да се вари оризот.
2. Кога е веке згуснат и водата впиена во оризот (сварен малку повеке од она што го нарекуваме Ал денте), се додаваат 3 чаши од загреаното млеко и продолжува да се вари, се додава шекерот и ванилата. Во останатата 1 чаша млеко се раствара пудингот и се додава на оризот кога веке е сварен. За кратко уште се вари, се трга од огнот, врел се распоредува во модлите.
Посипте со цимет.
1 чаша = 200 мл.
Напомена
Бидејки секој ориз не се вари во иста количина на вода или млеко, сами прилагодете ја количината на водата и млекото за да добиете средна густина на самиот сутлијаш- кога тој се олади ке си ја добие потребната густина. Користам наш Винички ориз - нашето бело злато, за кого е потребно поголема количина на течност. За нашата традиционална ориз тава за да биди оризник на кој што зрното му се брои односот е 1 према 3, а овде оди повеке. Количината на шекерот исто така зависи од тоа колку сакате да е благо- намалете или зголемете. При сервирањето можете да додадете и слатко кое во моментот го имате. Можете да го посипете и со мешавина на цимет и ореви или бадеми... тоа останува на вас.
Лиценца: Сите права се задржани
(удира со чеканчето по маса за да докаже дека е озбилна во судот) :) :) :) :)
и колку да се знае, имам блатечки ориз!
благодарам на вниманието и пријатно! :) :) :) :)
Ката ден си ми во мислите, само серверот беше расипан и немав си подолго време интернет...
јас така сфатив. да не не требаше? :) :) :) : )