Испечати

Сутлијаш торта

Сутлијаш торта

Состојки

  • * За подлога
  • 120 гр медено срце колачи
  • 6-7 чоколадни бисквити
  • 100 гр путер или маргарин
  • 50 гр ситно сецкани лешници (бадеми)
  • * За белиот дел
  • 200 гр ориз
  • 800 мл млеко
  • 100 мл вода
  • 110 гр шеќер
  • 450 мл слатка павлака
  • 1 пак. шлаг крем фикс
  • * За црвениот дел
  • 300 гр овошје (вишни, јагоди, малини, шумско овошје.. што сакате)
  • 80-100 гр шеќер
  • 50 гр нишесте + 100 мл вода
  • по потреба вода ( додавање до ниво 400 мл)

Подготовка

Најпрво сварете го оризот со водата и млекото. Пред крај, додадете го и шеќерот. Оставете го да излади.

Потоа, изблендирајте го овошјето. Измерете ја грамажата и дополнете вода до вкупна запремнина од 400 мл. Ставете го на умерена температура да проврие.

Измешајте го густинот со 100те мл вода и шеќерот и додадете ги во зовриеното овошје. Варете уште 2-3 мин додека се згусни и тргнете го настрана од шпотретот малку да подоладни, но да се внимава да не се здрви многу, да можи да се мачка.

Во калап со обрач (јас користев од 21 см) најпрво ставете ја подлогата, така што ќе ги издробите медените срца и бисквитите и во нив ќе го додадете стопениот маргарин и ситно сецканите лешници. Убаво респоредете по дното со рака.

Изматете ја слатката павлака со крем фиксот и измашајте ја со оладениот сутлијаш. Половина од оваа смеса ставете над подлогата, па црвениот овошен фил и над него останатата половина.

Одозгора украсете по желба и наросете цимет. Оставете го калапот во фрижидер барем 3 часа пред сечење.

• Внимавајте овошниот фил да не ви е многу топол, бидејќи има можност да ја стопи изматената слатка павлака додека филувате. Но, исто така внимавајте и премногу да не ви се здрви, па да не можите убаво да го распоредите, размачкате по површината, а се здрвува за кратко време, значи треба да е топол кон млак. Овој пат јас се поштедив од ова внимание и користев готов овошен гел од вишни и шумско овошје, како оној за Новогодишните капи, кој се набавува од магацини за храна на големопродажба. Го ставив директно без предходна термичка обработка, бидејќи по коегзистенција беше многу близок на опишаниот фил. Доколку немате овошје, а имате џем или мармалад можи исто така да се употреби, само во зависност од неговата густина можно е да варира грамажата на густинот. За жал, со џем не сум пробала сеуште засега.