Чоколаден сутлијаш со портокал
Ставете ја водата на оган да зоврие. Додадете го измиениот ориз и варете додека не испари водата.
Во меѓувреме загрејте го млекото да биде врело. Налејте го млекото во оризот, додате го шеќерот, кората од портокал и ванилиниот шеќер. Варете на тивко и повремено промешувајте. Може да варите и во покриен сад, но внимавајте да не искипи.
Кога оризот е сварен ставете го чоколадото искршено на помали парчиња и промешајте да се растопи.
Распределете го сутлијашот во чинивчиња. Одозгора ставете неколку парчиња кандирани портокали и послужете топло или ладно.
Пријатен апетит
Забелешка
Јас користев кандирани портокали од „Слаткото од портокали“ на Лили. Ги исцедив од сокот, ги исецкав на мали коцкички и ги препелкав во малку кристал шеќер. Имам правено и со исецкани Аранчини по рецептот на Лиле.
Кога е готово може да ставите и 2 лажици ликер од портокали. Јас не ставив зошто требаше и дечиња да ручкаат.
Лиценца: Сите права се задржани