Десерт верувам омилен на многумина од вас, но овојпат наместо во класична варијанта, решив да го изменам по мој вкус, па така настана ова слатко задоволство, здрав чоколаден сутлијаш во кој може да уживате без грижа на совеста. Може да го послужите како здрава ужина, или пак како десерт после ручекот.

Подготовка

1. Најпрво во подлабок сад ги ставаме урмите, ги додаваме водата и какаото. Мешаме убаво да се раствори какаото и оставаме да отстои оваа смеса се додека биде прикрај сварен оризот. Непосредно пред да се свари оризот, оваа смеса ја блендираме до хомогенизирање, и ја додаваме во сварениот ориз.
2. Потоа во тенџере на оган ги ставаме водата и оризот (претходно добро измиен). Готвиме на повисока температура се додека да зоврие водата, па намалуваме на средна температура и постојано мешаме се додека оризот да ја упие цела вода.
3. Сега го додаваме млекото, го вариме оризот на умерена температура. На крај ја додаваме блендираната какао смеса со урми. Соединуваме и тргаме настрана.
4. Покриваме со стреч фолија, за да не фати кора сутлијашот. Откако ќе биде скоро целосно оладен, го додаваме медот во количина по вкус. Сервираме во чаши или чиничиња.

*Забелешка - Јас се одлучив за мед како засладувач и поради тоа го додадов после делумното изладување на сутлијашот. По вкус може да додадете и цимет, превкусен е и така, јас не додадов во сутлијашот, ама пред конзумирање си ставив одозгора.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани