Солени пакетчиња со богат зимски фил
Вкусен, брз појадок
Прво на загреано масло се пропржува киселата зелка, околу 30 минути.
Потоа се пропржува и празот.
Се тргаат на страна па се додаваат урдата и семките.
Убаво се промешува.
Се зачинува со сол и бибер.
Се спрема смесата за премачкување на корите.
Во еден сад се ставаат сите состојки и убаво се промешува.
Се зема една кора, се премачкува со четка со смесата, во средината се става една полна голема лажица фил и се преклопува, се формира пакетче.
Така се постапува со целиот материјал.
Се редат во плех и одозгора се премачкуваат со остатокот од смесата, па со жолчка и се наросуваат со сончоглед и семки од тиква.
Се печат на 200 степени оклу 30 минути.
Лиценца: Сите права се задржани