Пинџур кој се чува во тегло, зимно време само се истура во подлабок сад се додава лукче и сол по вкус и се попарува со врел зејтин и ете ручек за 10 минути.
Пиперките, доматите и црните патлиџани се печат, се лупат и се се сецка ситно, се меша убаво и се полни во чисти тегли. Секое тегло убаво се стега и се витка во весник. Завиткани се редат едно до друго во шерпа и се става вода нивото да дојде до под капачето и се ставаат на оган да зовие. Кога ке почне да врие се тргаат од оган и се остава да се изладат во истата вода и потоа се чуваат кај останатата зимница.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови