Ова е мој авторски рецепт. Мора да признаам дека бев силно мотивирана од наградната игра.

Пандишпан
Со миксер се мати снег од белките. Се додава шеќерот. Со додавање на брашното и бадемите се продолжува со рачно мешање на смесата. Пандишпанот се пече на температура од 180 степени. Кога малку ќе се олади се сече на два еднакви дела и се попрскуваат со мед растворен во млака вода.

Фил
Со миксер се матат жолчките и шеќерот. Се ставаат на пареа, се додава медот и пола од путерот. Повремено се меша. Смесата се трга од пареа кога ќе згусне. Се додава чоколадото за готвење. На страна пенасто се мати другата половина од путерот и кон него се додава смесата. На крај се додаваат бадемите, циметот и румот. Се остава филот да одстои во фрижидер.

Потоа се реди ред кора, ред фил.

Во филот може да се додаде и рендано јаболко или суво грозје кои претходно биле одстоени во рум.

Доколку сакате брза и вкусна торта може да подготвите дупла доза од рецептот и да добиете торта со 4 кори и 4 реда фил (фил излегува доволно и за премачкување на целата торта одозгора).

Убаво оди со чај од цимет и јаболко во кој ќе додадете малку рум.

Уживајте во студените зимски денови што следат!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани