Секоја палачинка ја мачкаме со кафено лажиче мајонез. На средината ставаме исечкана салама и рендан кашкавал и наросуваме оригано. Палачинките ги виткаме како плик или како триаголник.
Секоја палачинка малку се премачкува со вода, па се валка во брашно, изматени јајца и на крај во презла.
Пржиме во загреано масло прво на страната каде што е затворена палачинката. Ги ставаме на хартиени салфетки да се упие вишокот маснотија.
Се служат со јогурт, кисело млеко или по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови