1. Секоја од обландите ги ставаме помеѓу две влажни крпи или двете обланди помеѓу три влажни крпи.
2. Путерот оставен на собна температура т.е. омекнат го матиме пенасто со миксер. Ги додаваме ренданото сирење и урдата. Ова ни е основата на филот, а потоа правиме комбинации на бои и вкусови.
3. Го делиме на три дела. Во едниот ставаме ајвар, рендана салама и црвен пипер, во другиот ставаме сечкани на ситно кисели краставички и мелено семе од тиква, а во третиот куркума и рендано варено јајце. Убаво ги промешуваме смесите.
4. Земаме еден лист обланда и ја сечеме на три дела со исти димензии, јас сечев со ноже за пица. Прво започнуваме со црвениот фил . Го мачкаме целото парче и го виткаме во ролат, како полжав. Второто парче од обландата го мачкаме со зелен фил, па првото го обвиткуваме со вториот зелен фил. Ова го правиме со тркалање на веќе формираното ролатче. На крајот со жолтиот фил го мачкаме и третото парче и со него го обвиткуваме( со тркалање) веќе формираното тркало од два фила.
5. Постапката ја повторуваме со останата втора обланда. Исто ја сечеме, па ја филуваме и ја формираме така, солената торта.
6. Дел од жолтиот фил (1 лажица) оставаме за премачкување на горниот дел од тортата.
7. Ја оставаме да отстои. Најдобро е од вечер до сабајле, во фрижидер или на ладно место.
8. Филуваме по желба. Јас во шприц ставив кисела павлака па украсував со неа, исечкав едно морковче на коцки, и грашак од конзерва, па така ја украсив тортичкава.

Забелешка
Обландата не треба да ни е многу мека, само треба убаво да се витка во ролат, затоа не ги влажнете многу крпите помеѓу неа (да нема толку многу вода). Ако сакате тортата да ви биде пониска, во тој случај поделете ја обландата на 4 дела или пак по мерка, колку сантиметри сакате да биде висока на толку сечете ги парчињата.
Тортата сечете ја со остар нож, се вадат убави и прецизни парчиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани