
29
мар
2012
Обланди
Во сад на оган ставете ја водата и шеќерот да зовријат, па додадете 2 лажици какао и 100 грама чоколадо за готвење. Тргнете го садот од огнот и додадете ги претходно измелените ореви и бисквити и на крај додадете го маргаринот. Со добиената смеса премачкајте ги обландите и тоа прво ставете една па фил па над неа друга обланда и така се додека не се потроши филот и обландите. Покријте ги обландите со кујнска крпа и над нив ставете некој потежок предмет за да се залепат полесно. Исечете по желба и уживајте.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови