Сникерс бомба торта (Јубилеен 1100 рецепт)
Драги мои, полека, полека ја надгазив илјадарката и стасав до 1100от мој споделен рецепт на оваа прекрасна страна која ни стана дел од нашите секојдневија, повод плус за маткање во кујната и прекрасните дружења кои ги имавме до пред претходната година што се надевам дека повторно работите ќе се вратат по старо со нашите собиранки, а до тогаш виртуелно, овде ќе се дружиме и забавуваме.
И овој пат желбата да се стави нешто соленко за јубилеен рецепт не се реализира (се надевам ако стасам до следниот, да сме здрави и живи пред се), но изборот кој го направив се надевам дека ќе ве плени и вас како мене и оние кои ја пробаа оваа превкусна торта.
1. Јајцата и шеќерот ги матиме до убава густина. Со најмала брзина на миксерот ги додаваме течностите и ванилата, па брашното и пецивото. На крај со лажица во една насока ги мешаме прво оревите и морковот, па потоа јаболкото. Јас јаболкото го исрендав и за сметка на тоа додадов уште една лажица брашно. Смесата ставете ја во калап на откопчување бр 26 обложен со пекарска хартија и печете во загреана рерна на 170С додека не извадите сува чепкалка.
2. Изматете ги сите состојки од кремот. Рецептот вели сите заедно, но јас почнав најпрво со матење на слатката палвлака со шеќерот и прашокот за шлаг, па лешник кремот и на крај сирењето(тука во состојките направив измени- бидејки во моментот немав лешник крем, ставив бел крем и додадов пола лажиче екстракт од лешник. А пак наместо крем сирење, ставив 250 гр несолен кајмак. Малку бев скептична кремот каков ќе биди на вкус, ама верувале или не и тој, но и целата комбинација дојде лудило).
3. Испечената торта која сме ја извадиле од калапот да се лади сега се враќа повторно во него и се премачкува со кремот рамномерно, па се става во фрижидер да се стегне за карамелот.
4. Шеќерот го карамелизираме на среден оган, па откако ќе карамелизира се додава врелата вода и се меша додека се растопи. Потоа му се додава лимонот и путерот, па откако ќе се соедини и слатката павлака.
Ве поздравувам и ве гушкам сите. Ве гушкам силно, затоа што тоа ни е уште скратено со ситуацијава, па вака виртуелно си можеме )))
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Golem jubilej odbelezuvas Betce
Mnogu interesna torta si podgotvila
Neka se nizat recepti od tvojata kujna tuka, neka se nizat jubileji
Tvojot vedar duh i pozitivna energija, i ponatamu neka bidat tvoi zivotni sopatnici.
Te guskam i jas, Te pozdravuvam od srce
Bidi zdrava i ziva i ostani tuka, na stranava.
Фала ти Кате за убавите зборови.
Тортата ни беше превкусна, уживавме во секое заплаче :)
Голем поздрав и гушкања до тебе <3
Со голем мерак ја правев и со таков и се изеде :)
Топли поздрави и до тебе
Тортата е преубава, многу ми се бендиса.
Се најубаво :)
Cestitki za jubilejkata(brojka boli glava).
Da si mi ziva i zdrava i da ni slodeluvas uste ubavini od tvojata kujna.
Uspevas i tvojot vedar duh da go preneses i na nas.
Pozdrav i uste ednas cestitki.
Е па оваа бројка не е шала :)
Маткањето низ кујна се гледа по бројкава на прекрасни рецепти! И така е Кларич, само да сме здрави и живи па ќе надокнадиме физички дружби кои навистина ни недостасуваат!
Тортичево за мерак, како си го стокмила, ќе израдува многу непца!
Уживај во јубилејниот ден!
Поздрав до некое наше следно видување во подобри времиња
Бројката кажува дека не е само "маткање" во кујна, за да се дојде до тука - време, труд, љубов, драга моја треба...
Тортата екстра, состојките интересни, впрочем како што само ти знаеш 'се да претвориш во интересно и привлечно!
Да ти се множат прекрасните рецепти, живи и здрави, се гледаме и гушкаме и во живо, што поскоро <3
Се надевам дека скоро ќе дојди времето кога ќе муабетиме со кафенце на Сокакот :*
Фала ти Дали за убавите зборови :*
Ти посакувам уште многу, многу јубилеи и прекрасни рецепти ❤
Секое добро :-)
Ни продолжува и понатаму убавата дружба :-)
Ти посакувам уште многу јубилеи! Тортата прекрасна како и секогаш!
Браво
Пред сите останати зборови ,сакам да ти честитам за оваа бројка на рецепти.Не се играчка, баш труд има вложено во сите овие рецепти.
И овој како и сите останати рецепти е преубав.Кога ја видов крпата со Јованче и Марика, ллеле колку ме стопли на душичкава,брејј.... ме врати назад со години. Си ги имав во сите боички...
Уште еднаш ти честитам мила Бети,па се надевам дека ќе пиеме некое кафенце кога ќе си дојдам )))
Топли си ја сакам оваа пацета (ние во бт така ги викаме хехе) ама не знаев дека биле Јованче и Марика :) ама мило ми е што ти разбуди пријатни спомени <3
искрено од магичен член како тебе очекувавме и магично, вкусно и слатко задоволство како оваа твоја торта. Раскошна и кремаста, не се сомневаме во богатиот вкус кој се проткајува не само во овој, туку и низ сите твои останати рецепти.
Сигурни сме дека јубилејната бројка ќе се зголемува, меѓутоа тоа тебе не ти е проблем- едноставну преголемата љубов спрема добрата храна си го прави своето. Ти си вистинска ризница на деликатеси и голема инспирација за сите нас.
Ти благодариме за твоите 1100 фантастични рецепти и ти го подаруваме производот за кој сме сигурни дека одлично ќе го искористиш- Delimano Air Fryer Pro Апарат за готвење.
Честитки!
Се радуваме на твоето присуство тука, твоите рецепти и... како што пиша Лиле- за следен јубилеј чекаме некој солен вкусен деликатес :)
Тимот на МоиРецепти
Како деновиве имав многу работи низ град да средувам (дури и првите коментари на овој рецепт за прв пат ги пишав од мобилен попатно) исто така низ цела фама успеав веќе да си набавам продукти за почено да го пречекам фраерот како што му доликува :)
Дефинитивно следен јубилеј ќе означи солен рецепт, нема веќе оправдувања :)
Голем поздрав до целиот тим :*
Поздрав и до тебе кумановчанке моја :*
Тортата - страшно добра ... трај ни уште долго ... поздрав :)
ЗАкаснењето, ич не е проблем. Гледам момент кога ќе „мрда“ малку лап топот да го искористам, бидејќи кутриот уште чека форматирање од вин7 кој веќе не е на функција, а јас само го реанимирам додека најдам чаре да ги спастрам податоците од него. :)
Во тортата особено уживавме, фала ти уште еднаш :)
Kreativna i originalna :)
А кога сме кај средбите можам да кажам дека баш мие мило што се имам сретнато со личност како тебе, незнам дали се сеќаваш ама таа наша една за жал средба беше одамна 2012 година јуни месец, некаде во почетоците на нашата дружба тука на Мои Рецепти.
Искрено би била среќна и во иднина да ја повториме <3
Уште еднаш честитки од срце :)
фала ти за пофалните зборови :* јубилејките нека ни се нижат ко бисери хехе