Бомба торта
Пудинзите се варат во 1 килограм млеко. Се оставаат да се изладат.
Се мати маргаринот со шеќерот во прав, па се додава во оладените пудинзи.
Во друг сад бисквитите се кршат на помали парчиња. Се додаваат оревите, сувото грозје и желе бомбоните. Се се меша заедно, па се додава филот и се меша додека не се добие убава смеса.
Длабок сад со округла форма го обложуваме со најлонска фолија и истураме пола од смесата. Се ставаат бананите сечкани на кругови, па се додава и другата смеса.
Израмнуваме убаво горе да се добие убава форма. Тортата ја виткаме во фолија и ја оставаме да се стегне.
Потоа се превртува на послужавник или чинија. Ставаме шлаг и декорираме по желба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови