Испечати

Сникерс бомба торта (Јубилеен 1100 рецепт)

Сникерс бомба торта (Јубилеен 1100 рецепт)

Состојки

  • шолја- 120 мл / чаша - 200 мл
  • За кекс
  • 4 јајца
  • 1 шолја млеко
  • 1 шолја масло
  • 1 шолја ситно сечкани или крупно мелени ореви
  • 1 рендан морков
  • 1 јаболко сечкано на ситни коцки
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • 1 пакетче прашок за печење
  • 1/2 лажиче цимет
  • 2 чаши брашно
  • За крем
  • 200 мл слатка павлака
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 250 гр кајмак
  • 2 лажици крем од лешник
  • 1 пакетче шлаг
  • 50 гр чоколадни капки
  • За карамел
  • 1 чаша шеќер
  • 1/2 шолја топла вода
  • 1 лажица путер
  • сок од 1/3 лимета
  • 200 мл слатка павлака
  • 1 шолја и малку повеќе печени кикиритки

Подготовка

Драги мои, полека, полека ја надгазив илјадарката и стасав до 1100от мој споделен рецепт на оваа прекрасна страна која ни стана дел од нашите секојдневија, повод плус за маткање во кујната и прекрасните дружења кои ги имавме до пред претходната година што се надевам дека повторно работите ќе се вратат по старо со нашите собиранки, а до тогаш виртуелно, овде ќе се дружиме и забавуваме.
И овој пат желбата да се стави нешто соленко за јубилеен рецепт не се реализира (се надевам ако стасам до следниот, да сме здрави и живи пред се), но изборот кој го направив се надевам дека ќе ве плени и вас како мене и оние кои ја пробаа оваа превкусна торта.

1. Јајцата и шеќерот ги матиме до убава густина. Со најмала брзина на миксерот ги додаваме течностите и ванилата, па брашното и пецивото. На крај со лажица во една насока ги мешаме прво оревите и морковот, па потоа јаболкото. Јас јаболкото го исрендав и за сметка на тоа додадов уште една лажица брашно. Смесата ставете ја во калап на откопчување бр 26 обложен со пекарска хартија и печете во загреана рерна на 170С додека не извадите сува чепкалка.

2. Изматете ги сите состојки од кремот. Рецептот вели сите заедно, но јас почнав најпрво со матење на слатката палвлака со шеќерот и прашокот за шлаг, па лешник кремот и на крај сирењето(тука во состојките направив измени- бидејки во моментот немав лешник крем, ставив бел крем и додадов пола лажиче екстракт од лешник. А пак наместо крем сирење, ставив 250 гр несолен кајмак. Малку бев скептична кремот каков ќе биди на вкус, ама верувале или не и тој, но и целата комбинација дојде лудило).

3. Испечената торта која сме ја извадиле од калапот да се лади сега се враќа повторно во него и се премачкува со кремот рамномерно, па се става во фрижидер да се стегне за карамелот.

4. Шеќерот го карамелизираме на среден оган, па откако ќе карамелизира се додава врелата вода и се меша додека се растопи. Потоа му се додава лимонот и путерот, па откако ќе се соедини и слатката павлака.

Ве поздравувам и ве гушкам сите. Ве гушкам силно, затоа што тоа ни е уште скратено со ситуацијава, па вака виртуелно си можеме )))