
11
дек
2013
Смоквици (посно, без масло)
Полесно и не може да биде, освен ако не купите готови =)))
Без додаток на шеќер, со природни состојки .. па може да се каже и дека се здрави (нормално да не се претерува).
1. Смоквите прелијте ги со млака вода и оставете ги да стојат 5-6 мин. Потоа сомелете ги на машина за мелење. Во едниот дел ставете го кокосот, а во другиот оревите и кората од лимон. Со рака убаво измесете и направете бомбици. Извалкајте во кокос и ореви и оставете ги барем малку за да се спојат вкусовите.
Излегуваат по околу 20-22 од двете (во зависност од големината).
Добар апетит =)
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Туку тебе те снема, ајде имаш и ти супер посни рецепти па биди пријател и сподели :)
Заборавив и да напишам дека може да си додадете и какао па ќе имате и уште плус варијанти :)