Испечати

Смоквици (посно, без масло)

Смоквици (посно, без масло)

Состојки

  • 300гр. суви смокви
  • 100гр. кокос + за валкање
  • 300гр. суви смокви
  • 100гр. сецкани ореви + за валкање
  • кора од 1 лимон

Подготовка

Полесно и не може да биде, освен ако не купите готови =)))
Без додаток на шеќер, со природни состојки .. па може да се каже и дека се здрави (нормално да не се претерува).

1. Смоквите прелијте ги со млака вода и оставете ги да стојат 5-6 мин. Потоа сомелете ги на машина за мелење. Во едниот дел ставете го кокосот, а во другиот оревите и кората од лимон. Со рака убаво измесете и направете бомбици. Извалкајте во кокос и ореви и оставете ги барем малку за да се спојат вкусовите.
Излегуваат по околу 20-22 од двете (во зависност од големината).

Добар апетит =)