Свинско во шафт од ками
Под капак е она што го бара овај начин на подготовка на месото за да си поприми од аромата на сосот.
Месото се сече на коцки после се става сенфот и убаво протријте го со него, се става и некоја капка масло, па нека си отстои додека се припрема се останато.
Кромидот, како и камите се сечкаат на ситно, а лукот ставете го низ преса за лук.
Во сад настрана се става врела вода и се додава сув зачин и црн пипер.
Сега на врело масло се става месото нека се зацрвени, се додава зеленчукот и заедно се пржи се до стаклест изглед. Се става првата чаша со вода, се става и капак одгоре и нека си крчка додека не испари водата. Се налева втората чаша, се става ловор, сол и таа да испари со крчкање. Месото се вади настрана и со електричен пасер се миксира смесата од шафт внатре, се враќа месото се става третата чаша вода и кога испарила вќе на половина се додава млеко, се промешува повремено и се остава густина по сопствен вкус.
Вака подготвено месото во сос е меко и воопшто не е потребно додавање на брашно кое доста често го применуваме во нашата кујна, прилогот секогаш е по желба како и зачинувањето.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Елиза, ручекот ми звучи феноменално! :)