Ги сецкаме чушките и патлиџаните на појадро.
Печурките ги оставаме цели.

Месото претходно исечкано на парчиња го посолуваме и наросуваме мелен црн бибер.
Промешуваме и оставаме да постои, да прими од зачините.
Го пржиме на тивко во тава на масло. Промешуваме убаво од сите страни да биде запржено.
Кога веќе ќе ја смени бојатаги додаваме пиперките и кромидот. Наросуваме пак бибер, сол, чили пипер и мешан сув зачин.
Го додаваме лукчето и буковска пипер. Пржиме на тивко. Ги додаваме печурките. Превртуваме нежно да ги фати топлпото и нив. По 5 минути крчкање, ги додаваме и сечените домати. Вака приготвената смеса ја пржиме околу десет минути.
Откако ќе го тргнеме тавчето од оган, сецкаме една китка магдонос и ја додаваме во смесата. Промешуваме.
Мешаниоот сув зачин, буковска пипер и чили пиперката во прав ги промешуваме со 2 лажички брашно.
Додаваме 250 мл вода и 250 мл бело вино.
Промешуваме убаво да се раствори брашното. Смесата ја додаваме назад во тавата и промешуваме.
Го полниме грнето со месото. Го затвараме со капачето и оставаме да се крчка во рерна.
После 40 минути, вадете од рерна и сервирајте во земјенки чиничиња.
Служете го со кајмак и свеж магдонос.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови