Ролат со сладок компир
Откако го пробавме и ни се допадна слаткиот компир, се трудам да го вклучам во сите врсти на рецепти од мојата кујна, благи и солени.
1. За оваа доза на пире од компир ви треба околу 150 гр компир. Го ставаме благиот компир да се пече во микровална некои 7 -8 минути. Ако го печете во рерна ќе ви требаат околу 20 минути на 200 степени (да омекне). Излупете го и испасирајте го со вилушка или ставете го во блендер.
2. Бисквитите ги мелеме и ги мешаме со какаото и шеќерот. Кафето го раствораме во вода и со него го замесуваме црниот дел (може и да нема потреба за целата количина на раствореното кафе, а тоа зависи од квалитетот на бисквитите). Тестото го виткаме во проѕирна фолија и го ставаме во фрижидер.
3. Маргаринот пенасто го матиме со шеќерот во прав. Додаваме со лажица од батат компирот, при што постојано мешаме да се изедначи смесата. Ставаме нарендана кора од портокал (преходно добро измиен и покиснат во сода бикарбона).
4. Црниот дел го развлекуваме на рамна површина и врз него го истураме портокаловиот фил. Развлекувањето и виткањето го правите на кеса или проѕирна фолија за храна, а може и само да ја посипете работната површина со шеќер во прав и врз него да ја развлекувате кората. Внимателно виткаме во ролат. Го ставаме во фрижидер да се стегне па сечеме парчиња со дебелина по желба.
Лиценца: Сите права се задржани
на прв поглед го помислив тоа ролатче, ама читам друг состав.интересен во секој случај
Бетина фала!
Не сум користела до сега од компирот, но еве преку твоите рецепти ќе почнам :)))