Пудинг од сладок компир и јаболки
1. Најпрво исечкајте го слаткиот компир на кришки и оставете го да се свари додека не омекне. По можност да се вари во сад на пареа.
2. Јаболките исечкајте ги на тенки кришки.
3. Откако ќе се свари слаткиот компир, префрлете го во сад за печење заедно со кришките јаболка.
4. Додадете 2 кафени лажички сувото грозје, посипете со 2 кафени лажички мед и сокот од исцеден портокал.
5. Оставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 40 минути.
6. Мешајте повремено.
Совет – додека е врело, можете да го конзимирате со неколку кафени лажички јогурт.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови