Божиќен сладок леб - Сладок подарок 2
И ова е еден од пригодните подароци за празници...
Чашата е од 240 мл.
- Во теглата или шишето ставајте редоследно од состојките, за да добиете повеќе шаренило. Тогаш брашното кое е во поголема количина од останатите состојки, можете да го поделите да го ставите во неколку слоеви.
- Добро со лажица налегнете, така ќе се собере точно се од напишаните состојки.
- Затворете, запакувајте, украсете и со насмевка подарете.
- Целото тоа изненадување ќе ви успее верувајте..
- Да не заборавите да го напишете и рецептот кој ќе биде придружната декорација на подарокот.
За да се спрема овој Божиќен сладок леб ќе треба да стопите путерот и да го оставите да олади.
Со жица сматете ги јајцата додавајки од јогуртот, нека се спои, додадете го оладениот путер - измешајте да се спојат состојките. Тогаш исипете ја содржината од теглата или шишето, мешајте да стане една хомогена смеса. Излијте во модла или калап, ставете да се пече во претходно загреана рерна на 175 степена и нека се пеле околу 50 мин, но сепак со чепкалка проверете.
- Печено извбвете од модлата, поставете на жица да се лади. Можете да го посипете и со прав шеќер, кое нешто го заборавив да го направам јас.
Лиценца: Сите права се задржани