Божиќни клементини во сируп-Предлог за подарок
Малите нешта го чинат животот поубав.
Па еве предлог за нешто мало, ароматично, вкусно...да им се подари на оние кои ни се драги луѓе.
Во фрижидер може да се чуваат вака 7-8 дена.
Може да се послужат врз парче торта, колач...
Прво мандарините внимателно ги лупиме и колку е можно ја одстрснуваме белата мембраничка.
Потоа ги сечиме на парчиња, со дебелина од 3-4 мм.
До колку има семки ги одстрануваме.
Вака подготвени ги распоредуваме во 2-3 мали теглички.
Во тенџере ја ставаме водата, шеќерот и ароматичните зачини.
ставаме на оган и од кога ќе почне да врие нека вари 3 до 4 минути.
Сирупот го тргаме на страна малку да подизлади.
Потоа врз клементините тураме од сирупот, убаво да ги покрие и ги затвораме теглињата.
Спремни ни се за подарок..
Лиценца: Сите права се задржани
vcera staviv malo teglence vo kompotot od visni i aronija
Vkusot bese bas praznicen, aromaticen, vkusen.....